Останати спортови Mечот траеше 1 час и 21 минута

Сабаленка се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од седум брејк топки. Нејзината противничка имаше два аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од седум шанси.

Сабаленка се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Шпанката Џесика Бусас Манеиро во натпреварот од четвртото коло на турнирот во Синсинати — 6:1, 7:5.

Првиот светски рекет го доби мечот за 1 час и 21 минута.

Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од седум брејк топки. Нејзината противничка имаше два аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од седум шанси.

Во четвртфиналето, Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан.

Наградниот фонд на турнирот во Синсинати, САД изнесува 5,2 милиони долари. (МИА)

To top