Вториот светски рекет во женскиот тенис, Арина Сабаленка проговори за нејзината главна цел до крајот на сезоната.
– Да ја завршам годината како број еден во светот е една од моите цели. Остануваат уште само три турнири, сакам да играм најдобро. На крајот на сезоната ќе видам дали ова е доволно за да ја завршам годината на првото место на ВТА, или треба да направам нешто повеќе за да станам број еден во иднина. Да се биде прогласен за најдобар играч на светот значи многу, изјави Сабаленка за „Tennis World USA“.
Сабаленка ќе учествува на ВТА 1000 турнирот во Пекинг, кој започна на 25 септември, а завршува на 6 октомври.
Оваа сезона 26-годишната Белорусинка освои два Грен слем турнири – Австралија Опен и УС Опен, а го освои и трофејот во Синсинати.