Останати спортови

Руски тенисер за идентичен прекршок како Синер доби суспензија

Руски тенисер за идентичен прекршок како Синер доби суспензија

Рускиот тенисер Данил Савељев е суспендиран на две години откако беше позитивен на допинг-тест, а тоа го потврди Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА) и тоа е лоша вест за првиот тенисер на АТП-листата, Јаник Синер.

Савељев пред членовите на Агенцијата се бранел со зборовите дека забранетата супстанца ја внел во телото ненамерно преку лек, а тоа оправдување не му помогна да избегне забрана за тенис до 2027 година.

Ова предизвика бура на социјалните мрежи затоа што идентичен прекршок направи и Синер, кој имаше два позитивни допинг-тестови, но не доби суспензија.

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) веќе поднесе жалба на одлуките за Синер и побара суспензија, а останува да видиме дали казната за рускиот тенисер ќе има влијание врз носењето на одлука за Италијанецот.

To top