Американскиот пливач Роберт Боби Финки исплива доминантно, го освои златниот медал на Олимписките игри во најдолгата трка на 1.500 метри, а постави и нов светски рекорд.
На второто место се пласира Грегорио Палтриниери. Италијанецот долго време пливаше во чекор зад Финки, дури имаше и време за и тој да го турне светскиот рекорд. Сепак, во последните две делници падна и мораше да се задоволи со сребрениот медал, без рекорд.
Последното место на подиумот му припадна на Даниел Вифен од Ирска, кој за нешто повеќе од секунда беше побрз од четвртопласираниот Бетлехем.