Македонскиот машки одбојкарски шампион Струмица успеа да ги обезбеди потписот на репрезентативецот Филип Маџунков.
Ова за Маџунков е враќање во добро позната средина и со неговиот ангажман сигурно тимот добива на квалитет, свежина на центарската позиција.
Филип во досегашната кариера има настапувано уште во Црна Гора, Белгија, Франција и Германија, па ќе биде значајна опција за тренерот Кирил Ричлиев.
Само за потсетување Струмица ја очекува пресметка со Олимпијакос во Лигата на Шампионите.