Најпознатата автомобилска компанија во Франција, Рено, од 2026 година повеќе нема да биде дел од Формула 1. и тоа по речиси пет децении Рено ќе го напушти тркачкиот свет во оваа категорија.
Во моментов фабриката Рено е главен снабдувач на погонска единица за тимот на Алпин. Се работи за француска екипа која е наследник на Рено во Формула 1, поточно тим кој беше реименуван пред неколку години.
Во 2025 година за последен пат Рено ќе има своја погонска единица во еден од болидите на Формула 1. Се очекува во иднина Алпин да склучи договор со Мерцедес, за Германците да ги снабдуваат со мотори за своите болиди. Инаку, Рено е дел од Формула 1 од 1977 година.