Останати спортови

Рен Никаидо победник на третата етапа од „Четирите скокалници“

Рен Никаидо победник на третата етапа од „Четирите скокалници“

Рен Никаидо победи на третата станица на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во германскиот ски-центар Инсбрук. Јапонецот го остави Домен Превц без „хет-трик“ победи, откако победуваше во Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен.

До победата Никаидо стигна со два скока од по 131 и 128 метри, со вкупно 276,5 поени. Тоа беше за само 0,6 поени повеќе од резултатот на Превц. На третото место се пласира Стефан Ембахер со 275,8 поени.

Во генералниот поредок на турнејата Превц води со 895,8 поени и е на чекор од освојување на „Златниот орел“. Второпласиран е Јан Херл со 41,4 поени помалку, додека третопласиран е Ембахер со „минус 41,7“.

Последната станица на „Четирите скокалници“ е Бишофсхофен во вторник од 16:30 часот.

To top