Формула 1 тимот на Ред Бул ќе настапат со посебни болиди во трката за Големата награда на Велика Британија.
Претходно Ред Бул најави дека сезонава болидот ќе претрпи три промени и сите ќе бидат инспирирани од фановите.
Првата ќе биде на популарната патека „Силверстоун“, која пред 74 години беше домаќин на првата трка во историјата на Формула 1. Преостанатите две промени ќе бидат во Сингапур и САД.