За потребите на Олимписките игри идното лето во Париз досега се изградени 84 отсто од потребната инфраструктура, а до крајот на годината ќе бидат завршени и олимпиското, како и параолимпиското село, објави денеска претседателот на Организацискиот комитет на Игрите, Тони Естанге.
„Клучевите од становите ќе можеме да ги врачиме во март идната година. Можам да кажам дека ситуацијата не е алармантна. Сè оди според планот. Исто така и финансиите, бидејќи 96 отсто од буџетот доаѓа во целост од приватни извори“, рече првиот човек на Организацискиот одбор на конференција за новинари во париското предградие Сент Дени.
Организаторите објавија дека досега се продадени 7.6 милиони влезници за олимписките натпревари.
„Билети има уште, особени за фудбал, ракомет, кошарка, ватерполо и бокс“, наведе Естанге.
Тој додаде дека во меѓувреме се избрани 45.000 волонтери од вкупно 313.000 пријави од 150 земји.