Останати спортови

Расел со прва победа во Сингапур, Мекларен го освоија шампионатот

Расел со прва победа во Сингапур, Мекларен го освоија шампионатот

Градската трка на патеката Марина Беј во Сингапур, не донесе некои поголеми возбудувања, па само докажа дека на ваквите трки и тоа како е важен добриот пласман во квалификациите.

Британецот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој стартуваше од пол-позицијата успеа да ја задржи предноста до самиот крај на трката и за прв пат да триумфира на трката за Големата награда на Сингапур.

Зад него беше Макс Верстапен, кој оствари ист пласман како и минатата година на оваа патека, а трет беше возачот на Мекларен, Ландо Норис.

Можеби најголемата возбуда на трката се случи токму помеѓу него и неговиот тимски возач Оскар Пијастри, со кого Ландо имаше инцидент на првиот свиок, по што му ја презеде позицијата на Австралијанецот.

Со ова Норис ја намали разликата во шампионатот на возачите на 22 бода зад Пијастри, со што само ја заостри внатрешната борба во Мекларен.

Сепак, ваквиот резултат за тимот на Мекларен беше доволен за денес да бидат прогласени за шампиони во конкуренцијата за механичари, што е втор последователен трофеј за британскиот тим.

 

To top