Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е сензационален победник на овогодинешниот Вимблдон, откако славеше во големото финале над Италијанката Јасмине Паолини со 2-1, по сетови 6-2, 2-6 и 6-4.
За Чехињата ова е втор триумф на Грен-Слем турнирите (го освои Ролан Гарос во 2021 година) и сигурно ќе има огромен скок на ВТА листата, каде во моментов се наоѓа на 32. позиција.