Останати спортови АФМ

Прогласени најдобрите атлетичари за 2025

Прогласени најдобрите атлетичари за 2025

Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2025 година, а кај сениорите признанијата им припаднаа: Адријана Попарсова и Андреас Трајковски.

Адријана Попарсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), се атлетичарите кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации.

Во младинските категории, признанијата им беа доделени на:

Марко Алексовски – најдобар младинец (Атлетски клуб Центар)

Мелиса Димитриевска – најдобра младинка (Атлетски клуб Дрени Старт)

Ева Митевска – најдобра помлада младинка (Атлетски клуб Работнички)

Михаил Стошевски – најдобар помлад младинец (Атлетски клуб Куманово)

Кај пионерите, признанијата ги понесоа:

Ведран Николовски – најдобар пионер (Атлетски клуб Куманово)

Марта Димковска – најдобра пионерка (Атлетски клуб Работнички)

Во категоријата млади пионери:

Ељана Салаи – најдобра млада пионерка (Атлетски клуб Куманово)

Арти Џеладини – најдобар млад пионер (Атлетски клуб Куманово)

Трајковски имаше забележителни настапи пред сè на Европското првенство во сала во Апелдрон, Холандија со пласманот во финалето и освоеното осмо место, додека на балканските првенства се закити со бронзи во своите дисциплини пред сè во скок во далечина.

To top