Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло, кој освои два златни медали на Олимписките игри во Париз, доби херојски пречек во својата земја, а од претседателот и бројни донатори доби подароци вредни повеќе од милион американски долари.
Филипинската олимписка делегација во Манила беше пречекана од бројни навивачи, како и од претседателот на земјата, Фердинанд Маркос Јуниор, кој на сите олимпијци им подари по еден милион пезоси (17.500 долари), додека Јуло беше единствениот кој доби 20 милиони (350.000 долари).
Подароците на гимнастичарот беа презентирани одделно од други владини претставници, бизнисмени и истакнати филипински компании, вклучително и стан и куќа во одморалиште јужно од Манила во вредност од повеќе од 58 милиони пезоси (1 милион долари).
Многу компании му понудија на Јуло бесплатни пици, сладолед, бесплатни ручеци и вечери со „шведска маса“ до крајот на неговиот живот, како и бесплатни домашни и меѓународни летови.
View this post on Instagram
Познатиот боксер од Филипините Мани Пакјао, освојувач на титули во осум различни тежински категории, ветил дека на Јуло ќе му додели парична награда, но не ја прецизирал сумата. Олимпијците од Филипините денес ќе продефилираат низ улиците на Манила.
Златните медали на подот и сводот на Јуло во Париз се сметаат за најголемо достигнување за Филипините, кои досега го освоија единствениот златен медал на Игрите во 2021 година во Токио, во кревање тегови.