По завршувањето на Грен-слем турнирот Австралија опен во Мелбурн се случија две хорор убиства на познати спортисти, за само неколку дена.
Прв настрада кик-боксерот Сем Абдулрахим (32), чие тело беше пронајдено во вторникот на паркинг, на еден хотел, во северниот дел на Мелбурн.
Според австралиските медиуми, Абдулрахим бил најбараниот човек од подземјето во Мелбурн, а бил убиен откако подолг временски период ги избегнувал непријателските напади. Напаѓачите пукале во него, а во моментот на убиството била присутна и неговата девојка.
По информацијата за убиството на кик-боксерот, пристигна уште една трагична вест од Австралија.
Имено, познатиот рагбист, Џејк Ров починал на 32 години, исто колку што имал и споменатиот кик-боксер. За причините за смртта на Ров се уште не е познато, а се чека извештајот од обдукцијата.