Останати спортови

Познати полуфиналните двојки на СП во ватерполо

Познати полуфиналните двојки на СП во ватерполо

на Светското првентство во Ватерполо се одиграа четвртфиналните дуели по што познати се сите полуфиналисти.

Во првиот меч Грција ја совлада Италија со 17:11, потоа Шпанија беше подобра од Црна Гора со 14:5.

Србија ја совлада селекцијата на САД со резултат 14:9, а во последниот дуел Унгарија беше подобра од репрезентацијата на Хрватска со резултат 18:12.

Во првото полуфинале ќе играат Грција и Шпанија, додека второто полуфинале е резервирано за ватерполо „Ел класико“ односно мечот помеѓу Србија и Унгарија.

Натпреварите се играат во вторник.

To top