Ждрепката го одреди составот на групите за завршниот ВТА турнир во сезоната. Најдобрите осум тенисерки за титулата на завршниот Мастерс ќе се борат од 2 до 8 ноември ќе се игра во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Во „виолетовата“ група ќе играат Белорусинката Арина Сабаленка, Италијанката Јасмин Паолини, Јелена Рибакина од Казахстан и Кинвен Женг од Кина.
Во „портокаловата“ група ќе играат бранителката на титулата, Ига Швјонтек од Полска, Американките Коко Гоф и Џесика Пегула и Барбора Крејчикова од Чешка.
Најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето. Наградниот фонд е 15,25 милиони долари.