Младата машката репрезентација на Македонија за одбојкари до 19 години од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука, ќе настапи на Балканското првенство.
Нашите надежи се дел од групата А, во која за противници ќе ги има БиХ, Романија и Турција редоследно. Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.
Организаторот го дефинираше и распоредот на натпреварите кои ќе се играат во салата „Борик“ во Бања Лука.
Македонија во првото коло од групната фаза на 9 јули ќе игра против Босна и Херцеговина, во последниот термин од 20:30 часот. Во второт, ден подоцна, нашите кадети од 15:30 ќе ги одмери силите со Романија. На 11 јули, во последното коло од групата во истиот термин (15:30 часот) ќе се соочиме со Турција. Во зависност од местото на кое ќе финишираме во групната фаза на 12 и 13 јули закажани се полуфиналните натпревари и разигрувањето, односно финалните мечеви и средбите кои ќе го дефинираат конечниот пласман на Балканскиот шампионат.
РАСПОРЕД, Груп А – МАКЕДОНИЈА
1.коло (09 јули) МАКЕДОНИЈА – БиХ 20:30 ч.
2.коло (10 јули) МАКЕДОНИЈА – Романија15:30 ч.
3.коло (11 јули) МАКЕДОНИЈА – Турција 15:30ч.