Останати спортови

Потврден датумот на борбата помеѓу Усик и Фјури

Потврден датумот на борбата помеѓу Усик и Фјури

Претседателот на Генералниот директорат за забава на Саудиска Арабија, Турки Ал ал-Шеик, потврди денеска преку социјалните мрежи дека реваншот меѓу украинскиот боксер Олександр Усик и Британецот Тајсон Фјури ќе се одржи на 21 декември во Ријад.

Првата борба меѓу двајцата боксери се одржа на 18 мај и заврши со победа на Усик со одлука на судиите, а Украинецот стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век.

Вкупно, Усик има 22 победи во 22 професионални борби, додека Фјури има 34 победи и еден пораз.

To top