Атлетичарката од Бахамите Девин Чарлтон постави нов светски рекорд во дисциплината 60 метри со пречки во Њујорк.
Девин Чарлтон ја истрча трката за 7,67 секунди, што е за 0,01 секунда побрзо од претходниот рекорд поставен од Швеѓанката Сузана Купер во 2008 година.
„Длабоко во себе знаев дека го можам ова, требаше само да се наредат коцките. Почнав добро и останав во тој ритам до крајот на трката“, изјави Чарлтон по трката.