Останати спортови

Пораз на одбојкарките на Јанта Волеј

Пораз на одбојкарките на Јанта Волеј

Одбојкарките на македонскиот шампион Јанта Волеј КВ вечерва го загубија првиот натпревар од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите.

Победа од 3:1 во Скопје оствари францускиот тим Валеро Ле Кане. Резултат по сетови: 15:25; 10:25; 25:20 и 9:25.

Разликата во квалитет беше евидентна и француската екипа успеа да ги добие двата сета за водство од 2:0.

Сепак македонскиот шампион успеа да освои еден сет откако го добија третиот со 25:20 и со тоа намали на 1:2. Сепак противникот ги консолидираше своите редови и го доби сетот со 25:9 за конечни 3:1 во сетови. Реваншот се игра на 13.ноември во Франција.

To top