Останати спортови

Пораз на одбојкарите на Штип УГД од Милано во Челинџ Kупот

Пораз на одбојкарите на Штип УГД од Милано во Челинџ Kупот

Одбојкарите на македонскиот претставник Штип УГД претрпеа пораз од 0:3 (12:25; 14:25 и 20:25) од италијанската екипа Милано во првиот натпревар од 1/16 финалето на Челинџ купот.

Гостите од Италија важеа за фаворити и стигнаа до убедлива победа, пред сè со доминантна игра во првите два сета, кога македонскиот противник освои 12 односно 14 поени.

Во третиот сет до 9:9 се играше без поголема предност, но гостите сепак успеаја да се „одлепат“ и предноста да ја зачуваат до крајот на сетот.

Реванш натпреварот се игра на 6.јануари 2026 година.

To top