Останати спортови

Поранешниот УФЦ шампион и ММА легенда мора во затвор

Поранешниот УФЦ шампион и ММА легенда мора во затвор

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез е осуден на петгодишна затворска казна поради инцидентот со пукање што се случи во 2022 година.

Одлуката ја донесе судијата Артур Боканегра од окружниот суд во Санта Клара, а Веласкез ја прифати пресудата без да се изјасни за виновен или невиновен.

Оваа опција во правото позната како „no contest“ му овозможува да избегне признавање на вината, но сепак, казната е изречена.

Веласкез инаку можеше да добие максимална казна од 40 години затвор или дури да избегне одење во затвор, но судијата се реши за петгодишна затворска казна.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Заменикот на окружниот обвинител Аарон Френч бараше казна од 30 години до доживотен затвор, додека одбраната се обидуваше да го ослободи.

To top