Повеќекратниот светски шампион и олимписки шампион во ски-скокови од 2018, Даниел-Андре Танде, и официјално објави дека ја завршува својата кариера.
Тој пред три години имаше страшен пад на словенечката Планица и сè уште закрепнува од повредите.
Норвешкиот ски-скокач повлекувањето го објавува само на три месеци пред Светското првенство.
„Морав да сфатам дека скокањето сега ми предизвикува повеќе страв отколку радост. Секогаш си зборував дека во вакви моменти е време за разделба“, рече Танде на збогувањето од својот спорт.
Триесетгодишниот Норвежанец неколку дена беше во кома по падот и во животозагрозувачка состојба.