Ландо Норис и Оскар Пјастри го потврдија тоа и ова попладне во квалификациите на трката за Големата награда на Италија.
Ферстапен со крајни напори се избори само за седмо стартно место утре на Монца, па тоа во ваков распоред на силите ќе биде сериозен дефицит на трката.
Покрај двоецот на Мекларен кој ќе стартува прв, Ферстапен е и зад Расел, Леклер, Саинц и Хамилтон, па може слободно да се каже дека ќе има пеколно тешка задача да се избори и за подиум.
Зад него денеска заврши Чеко Перез, што доволно говори дека Ред Бул е во сериозни проблеми и во се поделикатна ситуација.