Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на трката за големата награда на САД која се вози на патеката во Остин во Тексас. За Норис ова е четврта пол-позиција на последните пет трки.
Норис беше најбрз во квалификациите пред актуелниот лидер во генералниот пласман Макс Ферстапен од Ред Бул, кој ќе тргне од второто место.
Трети заврпи Карлос Саинс од Ферари, а четврти неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Квалификациите беа катастрофални за Мерцедес. Џорџ Расел имаше тежок инцидент во кој за среќа остана неповреден, и ќе тргне од шестата позиција, а Луис Хамилтон беше препоследен, го освои дури 19-тото место што е голем срам за него.