Тадеј Погачар направи чекор кон освојувањето на својот четврти Тур де Франс, откако го победи својот ривал Јонас Вингегард во 18. етапа, во која победи Бен О’Конор, пишува „Би-би-си“.
Погачар стигна пред својот најблизок ривал во последните 500 метри и го зголеми своето водство во генералниот пласман пред двократниот шампион Вингегор, на четири минути и 26 секунди, на три етапи до крајот на годинашната велосипедска грантур-трка Тур де Франс.
Оваа етапа имаше три големи искачувања, принудувајќи ги велосипедистите да имаат повеќе од 5.500 метри искачувања во 171,5 км трка, пишува „Би-би-си“.
Сите три искачувања беа во категоријата најтешки планини на трката, а 2.304 метри надморска височина претставуваше највисока точка на годинашната трка, која треба да заврши утре во Париз.