Властите во Кенија информираа дека починал и убиецот на атлетичарката од Уганда, Диксон Ндиема Марангач.
Според информациите, тој починал како последица од изгорениците со кои се здобил при нападот на олимпијката од Уганда, а кои зафатиле 30% од неговото тело.
Марангач на први септември оваа година со бензин ја поли, а потоа и ја запали неговата партнерка Ребека Чептегеи, која се здоби со изгореници и четири дена подоцна почина во болница во Кенија.