Останати спортови

Почина првиот човек на европската одбојка Александар Боричиќ

Почина првиот човек на европската одбојка Александар Боричиќ

Долгогодишниот претседател на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Александар Боричиќ, почина денеска на 78-годишна возраст.

Како што објавија од Одбојкарската федерација на Србија, Боричиќ почина по кусо боледување.

Тој беше поранешен одбојкарски репрезентативец, тренер, селектор, долгогодишен претседател на Одбојкарската федерација на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија, претседател на Европската одбојкарска конфедерација, втор потпретседател на Светската одбојкарска федерација и почесен претседател на Одбојкарската федерација на Србија.

Боричиќ беше претседател на ЦЕВ од 2015 до 2024 година, а беше и во Скопје за време на одржувањето на Европското првенство во машка конкуренција во 2023 година.

To top