Угандската маратонка Ребека Чептеги (33) почина од изгореници откако ја запали нејзиниот партнер, објави денеска Олимпискиот комитет на Уганда.
„Ја дознавме тажната вест за смртта на нашата олимписка атлетичарка Ребека Чептеги по насилниот напад од нејзиното момче, нека нејзината душа почива во мир и најостро го осудуваме насилството врз жените“, порача првиот човек на Олимпискиот комитет на Уганда, Доналд Рукаре, во објава на социјалната мрежа Икс.
„Тоа беше кукавички и бесмислен чин кој доведе до загуба на голем спортист. Нејзиното наследство ќе живее“, додаде Рукаре.
We have learnt of the sad passing on of our Olympic athlete Rebecca Cheptegei OLY following a vicious attack by her boyfriend. May her gentle soul rest in peace and we strongly condemn violence against women. This was a cowardly and senseless act that has led to the loss of a… pic.twitter.com/V8Mog3oMOX
— Donald Rukare (@drukare) September 5, 2024
Чептеги, која се натпреваруваше на маратонот на Олимпијадата во Париз и го освои 44. место, се лекуваше во болница во Елдорет, западна Кенија, откако претрпе „повеќе од 80 проценти“ изгореници на телото.
Член на болничкиот персонал изјави дека нејзината состојба се влошила откако „развила бактериска инфекција“.
Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол на имотот на Ребека Чептеги додека таа била во црква со своите деца.
Кога се вратиле од црквата ја полеал со бензин и ја запалил пред очите на децата, две девојчиња на возраст од 9 и 11 години.