Денови на тага во италијанскиот спорт. Првиот Италијанец во историја кој освои Грен слем турнир, Никола Пјетранџели, почина вчера на 92-годишна возраст, објави Тениската федерација на Италија (ФИТП).
Пјетрањели освои две титули на Ролан Гарос во 1959 и 1960 година, а стигна до финалето во Ролан Гарос во Париз уште двапати, во 1961 и 1964 година. Неговиот најдобар резултат на Вимблдон беше полуфиналето во 1960 година.
Роден во Тунис во 1933 година од татко Италијанец и мајка Русинка, Пјетранџели се сметаше за најголем италијански тенисер на сите времиња сè до појавата на Јаник Синер. Во кариерата освои вкупно 48 турнири.