Реј Рирдон, еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња почина на 92-годишна возраст како последица од тешка болест, објавија англиските медиуми.
Велшанецот беше шесткратен шампион на светот. Првата титула ја овои во 1970 година, а доминацијата ја продолжи до крајот на деценијата освоувајќи светски титули и во 1973, 1974, 1975, 1976 и 1978 година.
Со последната титула воедно стана и рекордер како најстар шампион на светот, но овој рекорд беше надминат од неговиот ученик Рони О’Саливен.