Останати спортови

Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Најефикасна во македонските редови вечерва беше Теа Терзиевска со 14, додека Тамара Стојанова и Ана Фасулева запишаа по осум поени.

Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација со победа стартуваше во Европската сребрена лига, откако вечерва во Струмица го совлада Луксембург со максимални 3:0 во сетови (25:16, 25:19, 25:14).

Луксембург на турнирот во Струмица допатува во ослабен состав со што им ја олесни задачата на македонските одбојкарки да извојуваат заслужена победа и да го прослават првиот триумф на меѓународната сцена од октомври 2008 година.

Најефикасна во македонските редови вечерва беше Теа Терзиевска со 14, додека Тамара Стојанова и Ана Фасулева запишаа по осум поени.

За македонските одбојкарки утре е слободен ден пред дуелот в недела против Швајцарија со почеток во 20 часот во салата „Парк“ во Струмица.

Поврзани теми

To top