Контраверзиите се уште поголеми, а се чини допарва и ќе бидат, откако алжирската боксерка Имане Калиф освои злато на Олимписките игри во Париз.
Девојката за која од самиот старт на натпреварувањето се сомнева дека е машко, подеди дури на 13 борби по ред. Последната борба и била против Лиу Јанг од Кина, а на прес-конференцијата проговори и за тоа што некои ја сметаат за машко.
-Јас сум жена како и секоја друга жена. Родена сум како жена, живеам како жена, се натпреварувам како жена, без сомнение. Нормлно, постојат и непријатели на успехот. Тоа на мојот успех му дава посебен вкус поради ваквите напади, рече таа и додаде:
-Сакам да му порачам на светот, да се посветат на олимписките принципи и да не ги малтретираат луѓето. Ова е порака на ОИ. Се надевам дека луѓето ќе престанат да малтретираат. Се надевам дека нема да има слични нападаи во иднина, додала Имане Калиф.