Останати спортови Балкански шампионат

Победа за македонските одбојкари против Грција

Македонија утре во дуелот за 5.место ќе игра против Црна Гора. 

Победа за македонските одбојкари против Грција

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години оствари голема победа совладувајќи ја Грција со 3:2 во сетови (16:25; 21:25; 34:32; 25:15; 15:13). Овој натпревар е дел од БВА Балканскиот шампионат и разигрувањето од 5-8.место.

Клучен за победата беше третиот сет, кои го добија македонските одбојкари по голема борба и 66 одиграни поени и со тоа го најавија пресвртот бидејќи противникот имаше водство од 2:0 во сетови. По изедначувањето на 2:2 Македонија го освои и решавачкиот сет со 15:13 на поени.

Македонија утре во дуелот за 5.место ќе игра против Црна Гора. (МИА)

To top