Останати спортови Ниту еден случај на прекршување

По 28 години: Без допинг афера на Зимските олимписки игри

Повеќе од 3.000 примероци биле собрани од речиси 2.000 учесници на ЗОИ2026 одржани во февруари и притоа не е пријавен позитивен допинг случај.

По 28 години: Без допинг афера на Зимските олимписки игри

Ниту еден случај на прекршување на антидопинг правилата не е регистриран на Зимските олимписки игри што на почетокот на оваа година се одржаа во Милано и Кортина, објави денеска Би-Би-Си.

Повеќе од 3.000 примероци биле собрани од речиси 2.000 учесници на ЗОИ2026 одржани во февруари и притоа не е пријавен позитивен допинг случај.

Ова се првите Зимски олимписки игри од Игрите во Јапонија во 1998 година на кои не е регистриран позитивен тест.
Меѓународната агенција за тестирање претходно објави дека 92 проценти од натпреварувачите биле тестирани барем еднаш во шесте месеци пред почетокот на Игрите во Милано и Кортина, а генералниот директор Бенџамин Коен ја опиша како „најобемната програма што некогаш е преземена“.  (МИA)

To top