Формула 1 возачот, Пјер Гасли потпиша нов повеќегодишен договор со тимот на Алпин.
Веста за продолжување на соработката со возачот ја потврдија од тимот, а Французинот на тој начин ќе остане во Алпин и по 2025 година.
Гасли пристигна во Алпин на почетокот на минатата сезона, освојувајќи 67 поени за 18 месеци, вклучувајќи го и третото место во спринтот за Големата награда на Белгија и третото на трката за ГН на Холандија.
Алпин побрза да го продолжи договорот со Гасли, особено откако беше објавено дека договорот со Естебан Окон завршува на крајот од оваа сезона.