Оскар Пјастри, во болидот на Мекларен, запиша уште една победа сезонава, откако на патеката во Зандворт прв мина низ целта пред Макс Верстапен и Исак Хаџар.
Ландо Норис на само шест круга до крајот ја заврши трката поради проблем со моторот, што претставуваше големо разочарување за него и неговите фанови.
Тоа само ја зголеми бодовната разлика меѓу него и тимскиот колега Пјастри во генералниот пласман.
Возачите на Ферари не освоија бодови во Холандија. Ниту Хамилтон, ниту Леклер не стигнаа на целта и предизвикаа ново разочарување кај фановите на италијанската скудерија.
Во Холандија бодови освоија уште: Џорџ Расел (Мерцедес), Алекс Албон (Вилијамс), Оли Берман (Хас), возачите на Анстон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, Јуки Цунода (Ред Бул) и Естебан Окон (Хас).
Пјастри сега на врвот има голема предност од 34 поени пред тимскиот колега Норис.
Шампионатот во Формула 1 продолжува следниот викенд со трката на легендарната патека во Монца.