Возачот на Мекларен, Австралиецот Оскар Пјастри победи на трката за ГН на Азербејџан на улиците на Баку.
Втор заврши Шарл Леклер (Монако, Ферари), а трет Британецот Џорџ Расел со Мерцедес.
На круг пред крајот Карлос Саинц (Шпанија, Ферари) и Серхио Перез (Мексико, Ред Бул) се судрија во борба за третото место.
Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен), кој стартуваше од 15-тото место, заврши на четвртото место пред светскиот шампион Макс Верстапен (Холандија, Ред Бул), кој заврши петти.
Во зоната на поени завршија и Фернандо Алонсо (Шпанија, Астон Мартин), Александар Албон (Тајланд, Вилијамс), Франко Колапинто (Аргентина, Вилијамс), Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) и Оливер Берман (Велика Британија, Ферари). (МИА)