2025-та година е исполнета со многу меѓународни обврски за пинг понг федерацијата, а за нашите пинг понгари и спортски работници нови искуства и можности. Најавуваме 3 големи настани, додека 2 од истите за прв пат се одржуваат во Македонија, соопшти Пинг понгарска федерација на Македонија.
1. World Table Tennis (WTT) Contender во Скопје од 9 до 15 Јуни. Ги очекуваме најдобрите светски пинг понгари во сениорска категорија. Ова е прв настан од овој тип.
2. Олимписки летни младински игри во пинг понг од 20-ти до 26-ти Јули. Уште еден настан како „првенче“ во Македонија. Ние сме домаќини и го организираме пинг понг делот на овие европски олимписки игри.
3. Во септември се враќа младинскиот натпревар на ѕвездите – WTT Youth Star Contender со најдобро рангираните младински натпреварувачи од Европа и Светот. 5 до 7 Септември сала Јане Сандански, Скопје.
Организацијата на овие натпревари е големо признание за Федерацијата и македонскиот пинг понг, а постојаното организирање на нови настани значи и напредок во капацитетите за организација на светски настани со врвни натпреварувачи, наведуваат во соопштението.