Петок и сабота поточно на 14-ти и 15-ти јуни во Куманово ќе се одржи четвртиот по ред меѓународен меморијален боксерски турнир Мирослав Петровиќ во чест на прославеното тренерско боксерско име.
Празник на боксот и ревија на најдобрите боксерски имиња од Европа каде ќе настапат боксери од Италија, Турција Австрија. Молдавија Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија , Романија , Полска и секако Македонија.
Петок на програмата ќе бидат полуфиналните борби, додека во сабота е закажано финалето како и доделувањето на пехарите и медаљите за најдобрите за оваа година.
Турнирот ќе се одржи во Спортската сала на Средното економско училиште “Перо Наков” во Куманово со почеток и старт на борбите од 15 часот.