Поранешниот јужноафрикански параолимпиец Оскар Писториус е пуштен денеска на условна слобода, откако мина во затвор речиси девет години поради убиство на својата девојка Рив Стенкамп.
Jужноафриканските власти не објавија повеќе детали, а Писториус е пуштен од затворот во Преторија во раните утрински часови и сега се наоѓа во неговиот дом.
Писториус мина речиси девет години во затвор за убиството на Стенкамп за кое беше осуден на 13 години и пет месеци затвор.
Во ноември лани му беше одобрена условна слобода, бидејќи според јужноафриканскиот закон отслужи најмалку половина од затворската казна.
Писториус не смее да разговара со медиумите, како еден од условите за неговата условна слобода, кои ќе останат на сила сè додека не му истече казната во ноември 2029 година.