Актуелниот македонски одбојкарски шампион Струмица го потпиша македонскиот одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски.
Популарниот Шаби им се приклучува на Филип Маџунков и Филип Лепидовски кои пристигнаа во изминатиов период како и на украинскиот интернационалец Роман Волков.
Од клубот најавија уште едно освежување, ангажман на уште еден македонски репрезентативец.
Само за потсетување Струмица ја очекува предизвик во Лигата на шампионите, двомеч со грчки Олимпијакос.