Останати спортови

ОИ: Mаж со шарени гаќи им се прошета на пливачките пред старт и скокна во вода

ОИ: Mаж со шарени гаќи им се прошета на пливачките пред старт и скокна во вода

Пред една трка за жени на 100 метри градно на ЛОИ во Париз, се појави средовечен човек во шарени гаќички за капење, а девојките кои веќе беа поставени на стартните блокови мораа да почекаат.

Прво беше гласно исвиркан од трибините на кои имае 15.000 луѓе, но човекот се смешкаше и полека се упати кон водата.

Застана на работ од базенот и скокна во водата. Однадвор се чинеше дека се работи за навивачка шега или упад, но никој од обезбедувањето не му пријде. И со причина.

Тој имаше јасна задача, да ја фати капата за пливање што падна од главата на Американката Ема Вебер од претходната трка и мора да се извади од базенот. Според правилата, пред почетокот на трката не смее да има туѓ предмет во базенот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Мажот без проблем си ја заврши задачата, триумфално ја крена раката и предизвика воодушевување кај публиката која сфати за што станува збор.

To top