Хрватската тенисерка, Дона Векиќ, ја направи сензација на денот на Олимписките игри, откако рано попладнево ја победи втората тенисерка во светот, Американката Коко Гоф.
Векиќ ја победи ривалката со 2-0 по сетови 7-6, 6-2. Иако Гоф успеа да направи брејк во првиот сет и да поведе со 1-3, а потоа имаше и 2-5, Векиќ со неверојатна игра се врати и израмни на 5-5.
Првиот сет замина во тај-брејк, во кој Векиќ спаси меч-топка, а потоа дојде до 9-7. Во вториот сет клучен беше брејкот за 4-2, потоа се направи и уште еден, за огромна победа на ЛОИ во Париз на хрватската тенисерка.