Останати спортови

Одредени паровите во одбојкарскиот Куп

Одредени паровите во одбојкарскиот Куп

Бранителот на куп-титулата во машка конкуренција Штип УГД ќе се сретнат со Лирија на патот кон Ф4 од Купот на ОФМ 2026, додека во женска конкуренција Наковски Волеј ќе игра со градскиот ривал Струмица жени во четвртфиналната фаза од ова натпреварување.

Кај мажите ланскиот финалист и актуелен шампион Струмица 47&72 во четвртфиналето ќе ги измери силите со Шкендија, додека Работнички 71&22 за противник го доби Универзитет во Тетово. Последната двојка кај мажите е ГОК Борец и Сушево.

Во женска конкуренција ждрепката одреди во ¼ финалето да се сретнат уште и Газели Волеј и Пелистер Волеј, Младост УГД ќе го пречека ланскиот финалист Јанта Волеј КВ, додека Работнички Скопје и Вардар ЕМ ќе се сретнат во уште едно градско дерби.

Четвртфинални парови, мажи:

Струмица 47&72 – Шкендија
Штип УГД – Лирија
Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово
ГОК Борец – Сушево

Четвртфинални парови, жени:

Газели Волеј – Пелистер Волеј
Наковски Волеј – Струмица жени
Младост УГД – Јанта Волеј КВ
Работнички Скопје – Вардар ЕМ

Натпреварите од оваа фаза од Купот се играат на 4 март, а победниците ќе играат на финалниот турнир.

To top