Останати спортови

Одложен изборот на Спортист на Македонија за 2025 година

Одложен изборот на Спортист на Македонија за 2025 година

На само два дена пред закажаниот термин, годинашниов избор на Спортист на Македонија за 2025-та е одложен.

Новиот термин дополнително ќе биде одреден, а најавено е да се одржи следниот месец (јануари 2026).

Ве информираме дека манифестацијата Избор на најдобрите спортисти за 2025 година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 година во НОБ во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт, се одложува поради доставување на дополнителни спортски остварувања во месец декември.

Работната група за спроведување активности при организација на манифестацијата, заради транспарентен и фер однос кон сите спортисти и спортски работници, оцени дека доставените резултати треба соодветно да се вреднуваат и овие спортисти да бидат рамноправно вклучени во номинациите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Изборот на најуспешните спортисти за 2025 со дополнети номинации ќе се одржи во месец јануари 2026 и во иднина, сите наредни избори ќе се организираат по завршувањето на календарската година.

Промени во номинираните очигледно ќе има, а овде може да видите кои беа првичните номинации. Воедно ќе може и да видите тако читателите на Спорт Плус ги доделија своите гласови за двете најважни категории.

To top