Марко Одермат ја оствари втората сезонска победа во велеслалом во рамки на Светскиот Куп во алпско скијање откако денеска беше најдобар во Алта Бадија.
Швајарскиот скијач во двете трки оствари вкупно време од 2 минути, 29 секунди и 23 стотинки за трета победа во кариерата во италијанскиот ски-центар и вкупно 16-та во Светскиот куп.
Зад него финишираше Хрватот Филип Зубчиќ со 19 стотинки послабо време, а место на подиумот како третопласиран имаше и за Словенецот Жан Крањец.
Одермат го задржа првото место и во велеслалом и во генералниот поредок. Во оваа дисциплина води со 200 бодови, пред Марко Шварц и Зубчиќ кои имаат по 130.
Во генералниот поредок Швајцарецот има 356 бодови, 72 повеќе од Шварц, додека трет е Александер Амод Килде со 180 бодови.
Утре во италијанскиот ски-центар скијачите ќе возат уште една трка во велеслалом.