Женскиот македонски одбојкарски првак Јанта воли впиша пораз во дуелот против загрепска Младост.
Во првиот меѓусебен натпревар од шеснаесетина финалето на ЦЕВ Купот одигран вечерва во „Јане Сандански“ гостинките од хрватски славеа во три сета (0:3).
Од самиот почеток одбојкарките на Младост потврдија зошто се фаворитки во овој двомеч.
На македонскиот првак му препуштија само 6 поени во првиот сет. За нијанса подобра играа нашите одбојкарки во вториот сет во кој освојат 12 поени.
Иако во последниот рецепт одбојкарките на Јанта волеј освоија 19 поени сепак во ниту еден момент загрозија водството на противникот.
Во тимот на Јанта Волеј, Мери Бошковска и Бојана Мароевиќ освоија најмногу, по седум поени.
Така повеќе од јасно е дека македонскиот шампион ќе остане да го одигра само уште реванш натпреварот во Загреб закажан за 3 декември.