Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена овојпат од Хрватка на мечот одигран во Осијек.
Минатата седмица избраниците на Хари Наковски го загубија трилерот со Белгија, а пак вечерва одново не не посака среќата и во пет сета претрпевме пораз од „коцкестите“.
Првиот сет донесе вистински маратон во кој решаваа нијанси и истиот им припадна на домаќините со 33-31.
Во наредните два „спартанците“ беа подобри со 25-17 и 29-27 со што го свртеа резултатот во своја полза. Меѓутоа потоа Хрватска одново беше на повисоко ниво и со 25-21 и 15-12 се израдува на триумф пред своите гледачи.
Капитенот Никола Ѓоргиев со 35 поени беше најдобар наш поединец, додека кај победникот Марко Седлачек заврши со 26 поени.
Сега има учинок 1-4, нареден противник ни е Шпанија.