Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во Европската златна лига и тоа од селекцијата на Чешка која славеше во салата „Парк“ во Струмица со 3-0 во сетови.
Чесите беа апсолутни фаворити на хартија и тоа го потврдија на теренот каде ги реализираа сетовите со 25-16, 25-15 и 25-16.
Следните средби за популарните „спартанци“ се во Беверен против Азербејџан и Белгија.